Новак Ѓоковиќ ја победи Владата на Австралија. Федералниот суд ја уважи неговата жалба да му биде вратена визита, меѓутоа државниот обвинител, Кристофер Тран, вели дека се уште ништо не е готово.
На Ѓоковиќ судот му ги врати пасошот и личните документи и наложи Владата да го плати трошоците. Меѓутоа, државниот обвинител вели дека последниот збор во целата ситуација ќе го има министерот за имиграција, Алекс Хок.
Тој вели дека министерот за Имиграција и понатаму го има правото да го депортира Ѓоковиќ. Доколку донесе таква одлука, на Ѓоковиќ ќе му биде забранет влез во земјата во наредните три години.