Top Sport

Државно првенство во џудо и џиу џица во општина Илинден

Општина Илинден денес е центарот на спортските случувања, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” се одржува државно првенство на џудо и џиу џица.

Федерациите на џудо и џиу џица ги одржуваат државните првенства за категориите пионери и сениори. На ова државно првенство учествуваат 14 екипи од повеќе градови од Македонија, каде на терените се борат околу 200 борци.

На Државното првенство се обрати и ги поздрави присутните, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, пришто ги прогласи натпреварите за отворени. Тој истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа е одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина.

Државното првенство се одвива на две борилишта, со 16 судии, а натпреварите течет во најдобар ред во позитивен спорски дух, а љубителите на овој спорт имаат можност да ги погледнат динамичните борби, дуо-систем што значи презентација на техники за самоодбрана.

Текстот Државно првенство во џудо и џиу џица во општина Илинден е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top