Top Sport

Дуплантис не успеа да го собори сопствениот светски рекорд

Арманд Дуплантис прескокна 6.07 метри со неверојатна леснотија за да триумфира на митингот во сала во Ливин, Франција, но Швеѓанецот овојпат не успеа да го сруши сопствениот светски рекорд во скок со стап.

20-годишниот сензационален скокач, не успеа во три обиди на 6.19 метри, четири дена откако го сруши рекордот со неверојатен скок од 6.18.

Дуплантис прво го сруши рекордот на Французинот Рену Лавилени од 6.16 сантиметри за еден сантиметар на 8 февруари. Украинецот Сергеј Бубка останува со светскиот рекорд на отворено со 6.14, но од 2000 година, ИААФ не ги разликува рекордите во сала и во отворено во скок со стап. Бубка четири пати го рушеше својот рекорд во 1991 година.

Scroll to Top