Top Sport

Дуплантис неизвесен за ЕП во Турција

Швеѓанецот Арманд Дуплантис, светски рекордер и олимписки шампион во скок со стап, изјави дека неговиот настап на Европското првенство во сала, кое на почетокот на март ќе се одржи во Истанбул, е неизвесен.

„Ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите за мене за време на сезоната во сала. Морам да видам како се чувствува моето тело и врз основа на мојот настап на првите четири настани“, изјави 23-годишниот атлетичар, еден ден пред минтингот во Упсала, Шведска.

Актуелниот европски шампион во сала истакна дека не е „100 отсто сигурен“ за својот настап во Турција.

Покрај митингот во Упсала, Дуплантис ќе учествува и на митинзите на затворено во Берлин (10. февруари), Ливен (15. февруари) и во Клермон-Феран на 25 февруари.

Европското првенство во сала се одржува во Истанбул од 2. до 5. март.

Scroll to Top