Top Sport

Дуплантис пак го урна светскиот рекорд

Арманд Дуплантис продолжува даси игра со светските рекорди. Неверојатниот Швеѓанец го постави најдобриот резултат на сите времиња во скок со стап на планетарниот шампионат во Јуџин. Дуплантис прескокна 6,21 метар.

Популарниот Мондо прво го обезбеди своето прво светско злато со 6,06, а потоа во вториот обид го постави светскиот рекорд.

Швеѓанецот досега ја држеше границата од соништата со скок од 6,20, што го постигна во март на Светското првенство во во сала, во Белград. Неговото најдобро достигнување на отворено беше годинешното во Стокхолм, кога прескокна 6,16 метри.

Среброто го освои Американецот Кристофер Нилсен со 5,94, а бронзата со идентичен скок ми припадна на Ернест Џон Обиена од Филипини.

Scroll to Top