Top Sport

Дуплантис постави нов светски рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на отворено.

Најдобриот во оваа дисциплина го собори сопствениот рекорд кој сега изнесува 6,16. Дуплантис рекордот го постави на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм.

Претходниот најдобар беше 6,15 поставен во март 2020 година.

Годинава Дуплантис го собори и светскиот рекорд во сала. Тоа го направи на Светското првенство во Белград.

 

Scroll to Top