Организаторите на одложените Олимписки игри во Токио оваа година имаат голем проблем, откако дури 80 отсто од Јапонците би сакале Игрите или да се одложат или да се откажат целосно поради КОВИД-19.
Според анкетите на јапонската новинска агенција „Кјодо“ и ТБС, 80 отсто од жителите на Токио се противат на Олимпијадата оваа година бидејќи сметаат дека мерките не се доволни за да се заштитат од пандемијата.
На Игрите би требало да учествуваат над 15.000 спортисти и тренери, плус илјадници официјални лица, новинари и друг персонал. Новата варијанта на КОВИД-19 е пронајдена и во Јапонија, по што на странците привремено им е забрането пристигнување во Јапонија.
Олимписките игри треба да се оддржат од 23 јули до 8 август.