Top Sport

Две Русинки освоија ВТА титули оваа недела

Људмила Самсонова го освои и своето четврто финале, откако ја совлада кинеската тинејџерка Женг Кинвен со 7:5/7:5 во финалето на Пан пацифик опен во Токио, освојувајќи ја својата третат титула во последните два месеци.

За 23-годишната Русинка ова беше 18-та победа во последните 19 меча, со единствен пораз од Ајла Томљановиќ во четвртото коло на САД опен овој месец, со што скокна на 30. место на ВТА листата. Таа освои две титули во Вашингтон и Кливленд пред САД опен и од понеделник ќе биде на чекор до топ 20 меѓу тенисерките.

Одличната недела за руските тенисерки ја комплетираше и Екатерина Александрова, која со 7:6(4)/6:0 ја победи првата носителка, Летонката Јелена Остапенко за титулата на Корејскиот опен во Сеул. 24-рангираната Александрова на патот до титулата ги победи Ејжа Мухамед, На-Леј Хан, Лулу Сун и Татјана Марија.

Scroll to Top