Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски може да се бори за двојна титула на ИТФ фјучурс турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, откако по пласманот во полуфиналето во сингл, попладнево влезе и во финалето во двојки.
Задно со својот украински партнр, Олександер Овчаренко стигнаа до 6:4/2:6/10:6 победа над Естонецот Марк Лајал и Бенџамин Лок од Зимбабве.
За титулата, Ивановски и Овчаренко ќе играат со Русинот Андреј Чепелев и Микалај Халак од Белорусија.