На последниот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг Германија ги освои првите две места во боб четверец, откако доминираа во третата и четвртата трка.
Златото им припадна на Фридрих, Бауер, Гроткоп и Маргис кои по четирите трки имаа време 3:15.85 минути. Оваа постава на Германија беше најбраз во последните две трки, во третата остварија резултат 48,76 секунди, а во четвртата 49,54 секунди.
Втората постава на Германците во последните две трки влезе од третото место, а на крајот се искачи на втората позиција. Поставата Валтер, Куске, Рудигар и Франке забележаа вкупно време 3:16.38 минути.
Интересно, втората постава на Германија го „подели“ среброто со првиот тим на Јужна Кореја. Домашниот тим по четирите возења имаше идентичен резултат како и втората постава на Германија.
За потсетување Германија ги освои златните медали и во боб двосед во машка и женска конкуренција, со таа разлика што мажите го поделија златото со Канада со време 3:16.86 минути.