Top Sport

Двократниот шампион не сака да игра за Хрватска

Двократниот шампион на Австралија опен, Мате Павиќ, одбива да игра за репрезентација на Хрватска во Дејвис купот.

Хрватска во ова натпреварување за противник ја има Канада, а селекторот Жељко Крајан појаснил зошто Павиќ го нема во репрезентацијата.

„Вистина е дека Мате Павиќ добиваше покани за секој натпревар во Дејвис купот во изминатата година. Секогаш се обидував да стапам во контакт, но тој ги одбиваше контактите. За кави проблеми станува збор, кога започнале и зошто не се решени? Не знам. Знам само дека тој не сака да игра за репрезентацијата“, рекол Крајан.

Павиќ на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, освои две титули. Најпрвин победи во играна двојки со Австралиецот Оливер Марах, а потоа и во мешани двојки со Канаѓанката Габриела Дабровски.

Scroll to Top