Американската боксерска сензација, Теофимо Лопез, кој е носител на обединетите титули во средна категорија ја покажа својата неверојатна издржливост, откако доби директен удар во тело од Хафтор Бјорсон, поранешниот „најсилен човек“ на светот и ѕвезда од „Игра на тронови“, кој од неодамна почна боксерска кариера.
Двајцата беа на тренинг и спаринг сесија и невообичаено се поставија а предизвик за удари во телото, што не е многу разбирливо, бидејќи Лопез е 30-тина сантиметри понозик од Тор и речиси 100 килограми послаб. Иако не потклекна под ударот, тој призна: „Ова беше добро“.
Лопез има 16-0 скор и 12 меча решени со нокаут.