Норвежаните освоија злато и сребро во нордиска комбинација. Златото по скоковите на големата скокалница и трката на 10 километри го освои Јерген Грабак. Среброто му припадна на неговиот сонародник Јенс Лурос Офтебро, а бронзата му припадна на Јапонецот Акито Ватабе.
Грабак (30), досега во кариерата има освоено пет олимписки медали, три од низ се златни. Во Пекинг покрај денешното злато, освои и сребро во нордиска комбинација на малата скокалница.
Грабак во трката на 10 километри, успеа да надополни 90 секунди во однос на најдобриот резултат. Натпреварот во ски скоковите го заврши на 13.место.
Најголем трагичар во комбинација е третиот Норвежанец, Јан Магнус Рибер. До овој натпревар тој немаше ниту еден тренинг, бидејќи по пристигнувањето во Пекинг доби позтивен тест на коронавирусот.
Рибер убедливо беше прв по ски скоковите. На големата скокалница оствари далечина од 142 метри. Со ова далечина тој убедливо ќе победеше во ски скоковите.
На стартот на трката направи голема грешка, сврте на погрешно место, поради што загуби повеќе од 20 секунди и на крајот остана без медал.