Top Sport

Еден од најдобрите ватерполисти во светот ќе игра за Хрватска

Рускиот ватерполист Константин Харков во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Хрватска.

Харков се решил на ваков чекор, откако Русија не успеа да избори пласман на Олимписките игри во Токио. Иронично е што токму Хрватска ја елиминира Русија на квалификацискиот турнир за пласман во Токио.

Харков, ја прифатил понудата која ја добил од Хрватска, но сепак нема да може да игра во Токио. За да смени репрезентација, според правилата која владеат во ватерполото, играч мора да направи пауза од една година, пред да заигра за новата држава.

Харков е играч на Младост од Загреб, има 24 години и во овој момент е еден од најдобрите играчи во светот.

Харков е трет странец во историјата на хрватската репрезентација. Претходно за Хрватска играч неговиот сонародник Андреј Бјелофастов, а се уште е активен Шпанецот Чави Гарсија.

Scroll to Top