Елена Лашманова, репрезентативка на Русија во брзо одење, остана без златниот олимписки медал, освоен пред 10 години на Игрите во Лондон. Лашманова доби и двегодишна забрана за настап на сите натпреварувања.
Независното тело за борба против негативните феномени во атлетиката, објави дека одлуката е донесена по обработката на податоците кои биле добиени од лабораторијата од Москва.
Лашманова е обвинета дека користела недозволени супстанци. Пресудни за одземањето на златниот медал биле анализираните податоци од 18.февруари 2012 до 3.јануари 2014 година. Покрај златниот олимписки медал, на Лушманова и се одземени и медалите освоени на Светските првенства, во наведениот период.
Суспензијата која и е изречена го опфаќа периодот 9.март 2021 до 9.март 2023 година.