Top Sport

Ивановски трет на ЕП за играчи до 14 години

Калин Ивановски, 14-годишниот македонски тенисер, го освои третото место на Европското првенство во неговата генрација.Третото место на Ивановски е најдобриот пласман што некогаш го остварил некој тенисер од Македонија.

Ивановски, денес, не успеа да го мине полу-финалето против Хрватот Мили Пољичак. Тој загуби со 1:6, 1:6, од петторангираниот во Европа, во јуниорска конкуренција до 14 години.

Претходно, македонскиот тенисер забележа победи над Михаил Гороков кој важи за најдобар во Европа во конкуренција до 14 години (6-1, 6-3), Бранко Ѓуриќ (6-4, 6-4) и Лука ван Аше, трет во Европа (5-7, 6-0, 7-5).

Scroll to Top