Top Sport

Едноставно недопирлива – Фрејзер-Прајс во историјата со четврто злато на 100 метри (видео)

Јамајчанката Шели-Ен Фрејзер-Прајс стигна до доминантна победа на 100 метри на Светското првенство во атлетика во Катар, за да стане првата личност со четири златни медали во историјата на натпреварувањата.

Фрејзер-Прајс, која се врати на атлетиката минатата година откако се породи со својот прв син, ја комплетираше доминантната трка со најдобро време оваа сезона од 10.71, пред Британката Дајна Ашер-Смит (10.83) и Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска (10.90).

Единствно разочарување беше повторно слабата посетеност на „Халифа стадионот“ во Доха, каде што имаше помалку од 40.000 фанови.

Публиката која беше таму имаше можност да види еден светски рекорд, кога американската штафета 4х400 мешано (мажи и жени) постави нов светски рекорд од 3:09.34 за злато пред Јамајка и Бахреин, како и доминантната победа на Кристијан Тејлор во трискок со должина од 17.92 метри, речиси 20 сантиметри подалеку од сонародникот Вил Клеј.

Анжелика Сидорова го освои златото во скок со стап, но тоа нема да се смета за нејзината татковина Русија, која официјално е суспендирана и од овој шампионат. Сидорова скокна 4.95 метри за злато пред Американката Сенди Морис (4.90) и актуелната шампионка, Гркинката Катерина Стефаниди (4.85).

СП ВО АТЛЕТИКА, 3.ДЕН

100 МЕТРИ (Ж)

1.Шели-Ен Фрејзер-Прајс (Јам) 10.71

2.Дајна Ашер-Смит (Бри) 10.83

3.Мари-Жозе Та Лу (БСК) 10.90

4х400 МЕТРИ МЕШАНО

1.САД 3:09.34 СР

2.Јамајка 3:11.78

3.Бахреин 3:11.82

ТРИСКОК (М)

1.Кристијан Тејлор (САД) 17.92 м

2.Вил Клеј (САД) 17.74 м

3.Иг Фабриз Занго (Бур) 17.66 м

СКОК СО СТАП (Ж)

1.Анжелика Сидорова (Рус) 4.95 м

2.Сенди Морис (САД) 4.90 м

3.Катерина Стефаниди (Грц) 4.85 м

Scroll to Top