Top Sport

Еган Бернал ја запечати победата на Џиро Д’Италија

Колумбиецот Еган Бернал е шампион на Џиро Д’Италија, откако успеа да го заддржи водството во генерален пласман и по трката на хронометар во Милано.

Велосипедистот на Инеос Гренадирс ја започна последната етапа со 1:59 предност пред Дамјано Карузо (Бахреин Викториус) и загуби само 30 секунди од Италијанецот за своја втора голема велосипедска победа по таа на Тур де Франс во 2019 година. Британецот, Сајмон Јејтс (Тим Бајкексчејнџ) заврши како трет со 4:15 заостанување, откако на вчерашната последна планинска етапа на Алпите успеа да добие само 90 секунди.

Карузо ја освои последната етапа, но беше тешко да се верува дека може да го стигне Бернал, кој ја носеше розевата маичка од деветтата етапа до крајот.

Scroll to Top