Еган Бернал испиша историја на најпрестижната велосипедска трка во светот Тур д’Франс. Тој ќе стане првиот Колумбиец што успеал да ја освои трката.
Бернал профитираше од лошитре временски услови и одлуката на организаторите да ги скратат последните две етапи. Во претпоследната етапа која беше долга само 59 километри (инаку оваа етапа е долга 130 километри) го освои четвртото место и ја задржа жолтата маичка.
Во саботата, во последната етапа на Алпите победи Италијанецот Винченцо Нибали, инаку победник на трката во 2014 година.
Утре ќе се вози уште една етапа, но таа според традицијата има ревијален карактер и служи само за да се прогласи победникот на Елисејските полиња.
Бернал на тронот ќе го наследи Герант Томас и со 22 години ќе стане најмладиот шампион во 110 годишната историја на Тур д’Франс.
Токму Томас прв му честиташе на Колумбиецот и симболично му ја предаде титулата бидејќи двајцата заедно минаа низ целта. Томас во вкупниот пласман заврши веднаш зад Бернал.
A big pat on the back for @Eganbernal, you've earned it! ?
Un grand bravo à Egan Bernal, le sacre d'un champion ! ?#TDF2019 pic.twitter.com/ujinAbG3TM
— Tour de France™ (@LeTour) July 27, 2019
Најголем губитник на 110 издание на трката е домашниот фаворит Жулијен Алафилип кој вчера кога организаторите поради невремето ја скратија етапата ја загуби предноста и жолтата маичка. На крајот тој во генералниот пласман заврши на петтото место.