Поранешната шампионка од Ролан Гарос, Италијанката Франческа Скијавоне објави дека ја добила битката со ракот преку емотивно видео на Инстаграм.
„Ми дијагностицираа малигнен тумор и тоа беше најтешката борба со која сум се соочила. Најдоброто нешто е што ја добив оваа битка. Кога пред неколку дена ми го соопштија тоа, скокав од радост. Подготвена сум за нови проекти и за нова иднина“, изјави Скијавоне.
39-годишната Скијавоне победи на Ролан Гарос во 2010, а следната година беше во финалето, кога го имаше и најдобриот рејтинг во кариерата, четвртото место на ВТА листата во 2011. Таа се повлече од тенисот во 2018 година, а на почетокот на 2019 кратко работеше како тренер на Каролине Вознијацки, која исто така најави пензија во јануари.