Top Sport

Елиминиран бранителот на титулата на Мастерсот во Париз

Карен Хачанов минатата година го победи Новак Ѓоковиќ и стана сензационален победник на Мастерсот во Париз. Денес Хачанов не успеа во намерата да ја оддбрани титулата. Во првото коло тој потклекна пред Германецот Јан-Ленард Штруф.

Германецот, 36 на АТП листата, до победата стигна за 120 минути игра. Првиот сет тој го доби во тај-брејот, вториот му припадна на Хачанов, а пресуди еден брејк (3/6), додека во третиот кога сите очекуваа нов тај брејк Штруф направи брејк во 12 гем (7/5) и забележа победа.

Во второто коло Штруф ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Жо-Вилфрид Цонга и Матео Беретини.

Scroll to Top