Бранителката на титулата на Ју-ес опен, Коко Гоф доживеа елиминација, во осминафиналето на последниот Грен слем во сезоната. Од неа подобра беше сонародничката Ема Наваро со резултат 6:3, 4:6, 6:3.
Ривалка на Наваро во следниот натпревар ќе биде Паула Бадоса.
За Еми Наваро ова ќе биде второ четвртфинале на Грен слем турнирите во кариерата, по она што годинава го играше на Вимблдон.
Интересно е тоа што Наваро ја елиминира Гоф во Лондон, во истата фаза како и во Њујорк.
Сега води со 2-1 во меѓусебните натпревари. Да потсетиме, Гоф на почетокот на годината славеше во Окленд.