Top Sport

Енди Мареј ќе го пропушти Ролан Гарос

Шкотскиот тенисер Енди Мареј одбра да не настапи на вториот сезонски грен слем турнир Ролан Гарос за да може подобро да се подготви за сезоната на трева, пренесува „ББС“.

Мареј играше на Мастерсот во Лондон, но само во двојки заради неодамнешната повреда на препоните, а нема да настапи на турнирите во Женева и Лион, иако тоа беше неговиот првобитен план.

Првиот човек на Ролан Гарос неодамна испрати специјална покана за Мареј, слично како и минатата сезона.

34-годишниот Британец има 3 освоени грен слем турнири, но ниту еднаш не славел во Париз. Мареј моментно е 123. на АТП листата, а последниот негов сингл меч е од почетокот на март, во Ротердам.

Ролан Гарос започнува на 30 мај и ќе трае до 13 јуни.

Scroll to Top