Top Sport

Енди Мареј подготвен да ризикува и да игра на Флешинг Медоуз

Трикратниот гренд слем шампион, Енди Мареј вели дека е подготвен да ризикува и да игра на САД опен овој месец, иако нема одиграно АТП меч поради повреда и паузата поради корона вирусот од минатиот ноември.

Шкотланѓанецот се подготвува да игра на Синсинати опен, кој ќе се оддржи на терените на Флешинг Медоуз од 20 август, пред настапот на гренд слемот во Њујорк од 31 август. Дел од тенисерите решија да не одат во Њујорк поради ограничувањата за движење и корона вирусот, како Ник Кирјос и Ешли Барти, но Мареј вели дека се исплати да ризикува.

„Последните неколку години не бев во можност да играм на многу гренд слем турнири поради повредата на колкот и не знам колку следни шанси ќе добијам, така што додека се чувствувам добро тогаш ќе уживам на големите турнири. Многу ми недостасува, посебно гренд слем тенисот. Затоа сум подготвен да ризикувам“, вели Мареј.

Мареј играше во сингл во само два од последните 10 гренд слема.

Scroll to Top