Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј има позитивен тест на КОВИД-19 неколку дена пред да отпатува на Австралија опен и сега го очекува трка со времето за да настапи на првиот гренд слем од сезоната, јавуваат британските медиуми.
Според „Дејли мејл“, двократниот шампион од Вимблдон оваа недела требаше да отпатува за Мелбурн, а веќе има позитивен тест неколку дена, иако има само мали симптоми на вирусот. Последните неколку дена има низа на позитивни случаи во Британскиот национален тениски центар во Рохемптон, каде што се врши тестирањето пред патувањето во Австралија.
Шкотланѓанецот неколку дена е во изолација, но во Австралија има многу стриткни правила за пристигнување на турнирот, со двонеделен карантин по пристигнувањето. Доколку не успее да се опорави на време, тој нема да може да настапи на турнирот каде што пет пати беше финалист, и каде што пред две години изјави дека кариерата му е завршена пред да оди на операција на колкот.