Top Sport

Енди Мареј се врати на тренинзи

Енди Мареј почна со работа на терените на Вимблдон, како дел од подготовките за кам-бек по повредата на колкот, објавија британските медиуми.

Светскиот рекет број 3 паузираше од поразот во четврт-финалето на Вимблдон од Сем Квереј поради проблемите со повредите, но сега првпат е забележан да тренира по подолго време.

Шкотланѓанецот најави дека нема да се враќа на тенисот во 2017 година, за да добие повеќе време за сериозно закрепнување со што би го следел примерот на Роџер Федерер, кој паузираше шест месеци во 2016 година за да има неверојатно враќање на терените оваа сезона.

Сепак, Мареј ќе се сретне со Федерер на егзибициски меч во Глазгов на 7 ноември, иако ќе ги пропушти АТП финалето во Лондон. Најавите велат дека неговиот прв официјален турнир ќе биде Бризбејн интернешнл пред Австралискиот опен во јануари 2018 година.

Scroll to Top