Top Sport

Марка: Тотенхем го мразат бидејќи е еврејски клуб?

Шпанскиот спортски весник „Марка“ предизвика бес во Англија, откако во описот на тимот на Тотенхем посочи дека „еврејското потекло“ е причина поради која другите тимови го мразат тимот од Лондон.

Весникот објави цела страница за историјата на Тотенхем пред дуелот на тимот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони во вторник, а поднасловот гласеше: „Нивното еврејско потекло ги направи тим омразен од ривалските фанови“.

Новинарот Енрике Ортега го опишува формирањето на тимот при крајот на 19. век како „тим формиран од млади луѓе и бизнисмени со еврејско потекло, и тимот секогаш мораше да ја носи тежината како клуб на еврејската заедница“.

„Во нивната историја тие го добија презирот на другите клубови од Лондон, посебно од главните непријатели Арсенал, но и од навивачите на Вест Хем и Челси, по што низ цела Англија се пее песната ‘Стани ако го мразиш Тотенхем’. Од почетокот, тимот ја има врската со еврејската заедница преку директорите, тренерите и играчите. Сегашниот сопствени и претседател, Џо Луис и Даниел Леви исто така се Евреи. Но, 90 отсто од фановите на Тотенхем никогаш не влегле во синагога“, додава Ортега.

На ова веднаш одговорија од Тотенхем.

„Зачудени сме што публикација како ‘Марка’, која се претставува како извор на професионално новинарство објавува напис кој е погрешен и невкусен“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Scroll to Top