Поради повредата на колкот, шкотскиот тенисер, Енди Мареј (32) во последните две сезони одигра само 17 меча на АТП турнирите, од кои само 5 во 2019 година.
Двојниот олимписки победник и екс-прв светски тенисер доби покана за настап на АТП турнирот во Шангај од Мастерс серијата 1.000. Турнирот ќе се одржи од 5. до 13 октомври.
„Енди Мареј е многу популарен меѓу љубителите на тенисот во Шангај и задоволство ни е што ќе се врати на турнир на кој имал многу успеси“ – изјави директорот на турнирот во Шангај, Михаел Луевано.
Мареј досега трипати го освојуваше овој турнир, во 2010, 2011 и во 2016 година. Во 2012 играше во финалето.
„Не сум бил во Шангај од 2016 година. Му благодарам на организаторот на поканата која ќе ми помогне во враќањето и ќе ми овозможи играе повеќе мечеви во Кина“ – изјави Мареј.
Шкотланѓанецот моментно е на 415 позиција на АТП листата.