Енди Руиз Јуниор верува дека е запознаен со слабостите на Ентони Џошуа и вели дека „нема да го почитува“ во нивната борба за титулата Светски првак во тешка категорија.
Џошуа на 1 јуни годинава во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк ќе ја брани титулата во ИБФ, ВБА и ВБО верзиите во својот прв меч во САД.
„Џошуа има слабости. Тој е моментно најдобар само затоа што ги има појасите. Но момците со кои се бореше, спарингував со нив, а тие не сакаат да се борат со мене. Џошуа е голем и силен, но мојот стил има одредени предности. Се ова е бизнис. Немам ништо лошо да кажам за Џошуа, јас сум предизвикувач, а тој е шампион. Кога ќе влеземе во ринг ќе се обидам што побргу да го нокаутирам“ – вели Руиз.
Џошуа нема пораз на 22 борби, а ова ќе биде негова осма борба како го брани појасот. До сега ги победуваше Дилијан Вајт, Владимир Кличко, Џозеф Паркер и Александар Поветкин.
„Сјаен борец сум, луѓето често ме потценуваат и велат дека сум бавен и дека брзо се заморувам, но јас сум борец со многу комбинации. Не се плашам, ќе го удирам што повеќе можам“ – вели Руиз кој досега има 33 борби со само еден пораз, од Џозеф Паркер во 2016 година.
Тој смета дека неговата победа против Џошуа ќе биде едно од најголемите изненадувања во светот затоа што за себе вели дека „Кога ќе влезам во ринг станувам животно“.