Top Sport

Ерко Јун доминантен: Каде ќе удри босанска рака, таму веќе не расте трева! (видео)

Босанската ММА сензација, Ерко Јун стигна до својата трета победа, откако на КСВ 49 во Полска, за само 37 секунди го здроби Полјакот Акоп Шотак.

По еден силен удар со десницата, Полјакот се најде на подот, по што Јун го „потфати“ со уште неколку удари да го заврши мечот.

„Го исполнив ветувањето дека нема да има повеќе од две рунди. Ќе видиме кој е следниот противник. Луѓето се сомневаа во мене бидејќи доаѓам од светот на фитнесот, но ММА е мојата иднина. Каде што ќе удри босанската рака, таму веќе не расте трева“, изјави 20-годишниот Јун.

Јун, со вистинско име, Ермин Јузуновиќ, е многу попознат како бодибилдер и има над милион следбеници на Инстаграм и на Фејсбук. Неговата приказна е многу интересна, бидејќи на 16 години му предвидуваа крај на кариерата, откако во кик-бокс меч доби повреда на десната нога, по што лекарите му предвидуваа парализа поради повредениот нерв.

 

View this post on Instagram

 

Weigh in is done ??? Tomorrow showtime ! ? #weighin #bosnaihercegovina #bosniaandherzegovina #alhamdulillah

A post shared by Erko Jun (@erkojun) on

Scroll to Top