Top Sport

Вердаско: Немам што да кажам за Кирјос

Фернандо Вердаско беше еден од тенисерките кои се најдоа на линијата на „снајперот“ на Ник Кирјос, кој го опиша како „најарогантниот тенисер“ на светот во контроверзното интервју во кое имаше критики и за Новак Ѓоковиќ (објасни дека тој е очаен да биде сакан) и Рафаел Надал (кого го нарече ’премногу солен’).

„Мислам дека по 15-16 години како професионалец, секој кој го следи тенисот ја знае мојата игра. Немам што да кажам ниту за форхендот, ниту за бекхендот, ниту за сервисот.  Немам што да одговорам на тоа што го вели тој за мене, за Рафа или за Новак. Не сакам да влегувам во таа мешаница. Не сум изненаден, само не ми се допаѓа, но не е важно“, вели Вердаско.

Кирјос својот „блескав“ настап на Мастерсот во Рим го заврши со дисквалификација, откако го фрли столчето на терен во третиот сет од мечот со Каспер Руд.

Кирјос „удри“ по Ѓоковиќ: Тој е болен сите да го сакаат!

Ѓоковиќ лесно до трето коло во Рим, а Кирјос лудуваше против Руд (видео)

Scroll to Top