Top Sport

Ерменци уапсени во Шпанија, местеле тениски мечеви

Шпанската полиција, во голема акција уапсила 83 лица, од кои најголем дел се членови на ерменска криминална организација, која местела тениски мечеви. Според медиумите 28 од уапсените се тенисери, а полицијата се сомнева дека биле наместени 97 меча.

Во акцијата се запленети оружје, луксузни автомобили, а на уапсените им биле „замрзнати“ банкарските сметки.

Акцијата, во која се уапсени членовите на ерменската криминална организација, шпанската полиција и Европол ја подготвувале од 2017 година. Осумничени биле 83 лица.

Уасените се обвинети дека местеле тениски мечеви, на помалите турнири (Челинџери и ИТФ). Криминалците до своите „жртви“ доаѓале со поткуп. Потоа биле присутни на трибините за да бидат сигурни дека мечот ќе заврши онака како што им одговара.

Во акцијата, полицијата извршила претрес во 11 куќи, а запленети биле 167.000 евра, мобилни телефони, кредитни картички, неколку луксузни возила, оружје и документи кои се поврзани со случајот, Полицијата „замрзнала“ 42 банкарски сметки.

Не се објавени имињата на тенисерите кои биле учесници во местенките, само се наведува дека еден од нив лани настапил на последниот Гренд слем во сезоната, Ју-Ес опен.

Scroll to Top