Top Sport

Ракометна треска: Продадени 500.000 влезници за СП

Вечерва во Данска и Германија ќе започне 26. Светско првенство во ракомет за мажи. Мундијалот, на кој титулата ќе ја брани Франција, ќе трае до 27.јануари.

СП ќе се игра во шест града: Берлин, Келн, Минхен и Хамбург во Германија, односно Копенхаген и Хернинг во Данска.

Германските медиуми пишуваат дека во земјата владее огромен интерес за натпреварите што ќе се играат на СП.

Првенството ќе го отвори Германија против Кореја, вечерва од 18:15 часот, а билети за овој меч повеќе нема. Арената во Берлин може да прими 14.800 гледачи.
Според медиумите досега Ракометниот сојуз на Германија продале 500.000 влезници, а до крајот на првенството, само од продажба на билети, очекуваат приходот да биде 15 милиони евра.

Данска и Германија ќе се обидат да го соборат рекордот на Мундијалите, бидејќи заклучно со последниот меч очекувале арените во двете земји да бидат посетени од 800.000 навивачи.

Апосолутниот рекорд е во сопственост на Германија која го организираше СП во 2007 година. Тогаш натпреварите на СП ги гледале 750.000 луѓе.

Scroll to Top