Top Sport

Ешли Барти објави крај на кариерата

Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти објави крај на кариерата. 25-годишната Барти оваа вест, која ја шокира јавноста, ја соопшти на социјалните мрежи.

„Среќна сум и подготвена да го направам ова. Знам дека во овој момент во моето срце, како личност, донесов вистинска одлука“, соопшти Барти.

Австралијката е актуелна шампионка на Австралија опен, минатата година го освои Вимблдон, а во 209 година победи на Ролан Гарос.

„Не бев сигурна како ова да го споделам со вас, ја прашав мојата добра пријателка Кејси Делаква да ми помогне. Благодарна сум на се она што ми го даде овој спорт. Се чувствувам гордо и исполнето. Им благодарам на сите кои ми пружаа поддршка“.

Барти во кариерата забележа 305 победи и 102 порази, заработи 23.829.071 долари.

Scroll to Top