Top Sport

Етиопска доминација на маратонот во Париз

Абрха Милав го подобри својот личен рекорд за да го совлада двократниот актуелен шампион Пол Лоњангата за триумф на маратонот во Париз, на кој доминираа етиопските тркачи.

Милав се одвои на три километри пред финишот за победа со време од 2:07:05, за 20 секунди подобро од неговиот личен рекорд. Неговиот сонародник Асефа Менгисту беше втор со 20 секунди заостанување, додека Кениецот Лоњангата беше трет со 2:07:28.

Во женската трка, Гелете Бурка предводеше 1-2-3 победа за Етиопија со време од 2:22:47 пред Азмера Гебру (5 секунди) и Азмера Абреха (28 секунди). Французинката Клеменс Калвин, која на највисокиот суд во Париз бараше да и се симне суспензијата поради избегнување на допинг-тест во Мароко, заврши како четврта со 2:23:41.

Scroll to Top