Top Sport

Еве зошто Надал е еден од најдобрите во историјата

Рафаел Надал ја заврши кариерата во која имаше неколку неверојатни достигнувања, кои го прават еден од најдобрите играчи во историјата.

Шпанецот освои вкупно 92 АТП титули, од кои 22 се Грен слем трофеи. Два пати беше олимписки шампион, еднаш во синг и еднаш во дубл. Четири пати со Шпанија победи во Дејвис купот. Освои 36 титули на турнирире ид Мастерс серијата.

На првото место на АТП листата мина 200 недели.

„Кралот на земјената подлога“ одигра 527 натпревари на најбавна подлога, а 479 пати (90,9%) го напушти теренот како победник. Во дуелите во три сета има скор 137-4 (97,9%)

Од 2005 до 2007 година има 81 последователна победа на земјена подлога, а во периодот од 2017 до 2018 година нанижа 50 сета.

На Ролан Гарос освои 14 титули и има биланс од 112 победи и четири порази. Во финалњата 14:0, иако во шест финалиња беше послабо рангиран од ривалот.

Само Новак Ѓоковиќ двапати го победи во Париз (2015, 2021), додека другите два порази ги претрпе од Робин Содерлинг (2009) и Александар Зверев (2024).

Scroll to Top