Top Sport

Европа супериорно го освои тенискиот Лејвер куп

Андреј Рубљев и Александер Зверев ги совладаа Рејли Опелка и Денис Шаповалов со 6:2/6:7(4)/10:3 за да ја обезбедат победата на Европа над Остатокот од светот на егзибицискиот тениски Лејвер куп во Бостон. Со оваа победа, Европа има недостижно 14:1 водство против остатокот од светот.

„Мислев дека јас сум еден од полошите играчи во двојки, бидејќи можам да удирам само со форхенд, но изгледа сум згрешил. Беше задоволство да се игра со овие момци, со Бјорн Борг зад нас“, изјави Рубљов.

Европа сега има четири победи во низа на тридневниот тениски настан, кој го организира Роџер Федерер. Тие загубија само во првиот меч во двојки во петокот.

Scroll to Top