Top Sport

Европскиот шампион Шустов доби четиригодишна суспензија

Рускиот скокач во височина, Александер Шустов, освојувач на европската титула во 2010 година, доби четиригодишна допинг-суспензија, потврди Руската атлетска федерација.

Шустов, кој се повлече од спортот во 2017 година, е казнет до 2024 поради „користење или обид за користење на недозволени супстанции или методи“, потврди Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Резултатите на Шустов од јули 2013 до јули 2017, период во кој имаше петто место на Светското првенство во Москва во 2013 година, се поништени.

Руската атлетска федерација пак, останува суспендирана од 2015 година по извештајот на Светската анти-допинг агенција за систематско допингување. ИААФ уште ги нема вратено на натпреварувањата.

Scroll to Top