Top Sport

Ф1 во шок – убиена е директорката на ГН на Белгија, била фатена во неверство!

Директорката на Големата награда на Белгија, Натали Малет (51) е пронајдена мртва во својата куќа во Луксембург, јавуваат белгиските медиуми.

Јавниот обвинител потврдил дека во куќата на Малет имало пукотници и биле пронајдени три жртви.

„10 минути по полноќ полицијата пронашла две тела на жени и едно на маж со прострелни рани“ се наведува во официјалното соопштение од полицијата.

Според првичните сознанија, сопругот на Натали дошол во куќата и ја затекнал својата сопруга со нејзината љубовница
Ен Лоренс Дурво во спалната соба. Го извадил пиштолот и ги убил двете, по што самиот си пресудил.

Натали Малет од 2016 година е директорка на ГН на Белгија и оваа трагедија шокантно делувала за нејзините колеги во Формула 1.

Scroll to Top