Top Sport

Фановите зачудени од „тенковската“ физичка трансформација на Мекгрегор

Конор Мекгрегор повторно ги изненадува своите фанови со својата неверојатна физичка трансформација со која најверојатно ќе се откаже од лесната категорија и својот камбек во УФЦ октагонот ќе го има во повисоките категории.

Ирскиот фајтер, кој е поранешен УФЦ шампион во две категории, е во аут по поразот од Дастин Поаире во јули 2021, негов трет пораз во четири УФЦ меча во кој заработи и скрешеница на ногата.

Се верува дека 33-годишниот Мекгрегор планира „кратење“ на тежината на 70 килограми за да може да влезе во велтер категоријата, иако засега е далеку од тоа достигнување.

Scroll to Top