Главната сензација на УФЦ Фајт Најт во Бруклин во саботата навечер беше меч кој траеше само 32 секунди, откако судијата Кевин Мекдоналд го прекина дуелот меѓу УФЦ шампионот во мува категорија, Хенри Цехудо и предизвикувачот Ти Џеј Дилашоу.
Дилашоу, кој е актуелен УФЦ шампион во бантам категорија и ослабе за да влезе во октагонот со поранешниот олимписки шампион Цехудо, беше бесен на одлуката да се прекине мечот откако беше „фатен“ со удар со ногата во глава и низа удари. Додека Цехудо славеше, Дилашоу се расправаше со судијата поради предвремениот крај
„Ми го украдоа ова. Работев напорно за ова, и на крајот ми го украдоа“, изјави Дилашоу по мечот.
Со одлуката на судијата не се согласуваше и претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.
„Се работи за меч за титула. Шампион против шампион и вака се сопира мечот?“, призна Вајт.
IT’S OVER!!
Cejudo wins by TKO in 32 seconds!? pic.twitter.com/4GHT7ZSKAf— Sports ReUp (@SportsReUp) January 20, 2019
Henry Cejudo’s First Round TKO Win pic.twitter.com/34maAvrlUM
— Glocky (@AngelSarabiaMMA) January 20, 2019