Матје Фавр од Франција е сензационалниот победник на трката во велеслалом, која се возеше на Светското првенство во Коритна д’Ампецо. До светската круна Фавр дојде пред Лука Де Алпадрини од Италија и Марко Шварц од Австрија. За Фавр, ова е втор златен медал на Светското првенство, откако пред два дена победи во паралел-велеслаломот.
Фавр, до втората светска круна, дојде со вкупно време 2:35.25. Францускиот репрезентативец, беше одличен во двете трки, првата ја заврши на четвртото место, зад сонародникот Алексис Патуро, Александер Шмид и Де Алпардини, додека во втората трка го имаше второто најдобро време.
На крајот, благодарение на своите две трки и грешките што ги напаравија Шмид и Пантиро, успеа да го освои златниот медал.
Шмид и Пантуро, во втората трка не дојдоа до целта. Пантуро, кој по првата трка имаше убедлива предност, отпадна во моментот кога требаше да мине само уште десетна метри до целта.
Од својот настап ќе бидат задоволни и освојувачите на сребрениот, однсоно бронзениот медал.
На крајот Де Алпадрини, задовцни за 63 стотинки, а Марко Шварц за 87 стотинки.