Top Sport

Федерер 19 години по ред е најомилен тенисер на светот!

Швајцарскиот тениски маестро Роџер Федерер и на 40 години останува најпопуларниот тенисер на светот, откако 19-та година во низа е „омилен кај фановите“, во гласањето кое го приредува Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП).

Ова доаѓа откако Федерер играше многу малку оваа сезона – се врати на АТП турнејата во март во Доха по двете операции на десното колено во 2020, а најголем успех му остана четврт-финалето на Вимблдон, по што повторно се повреди.

За Швајцарецот ова е продолжување на рекордот – тој сега има вкупно 40 награди на АТП – покрај 19-те од фановите, тука се и 13-те титули „Штефан Едберг“ за најфер тенисер (кој го гласаат ривалите), а еднаш ја освои и титулата за камбек на годината во 2017. Покрај тоа тој 5 пати заврши како светски тенисер број 1, а исто така двапати ја освои наградата „Артур Еш“ како најголем хуманитарец меѓу тенисерите.

Scroll to Top