Ако постоеја сомнежи дека по блескавата сезона 2017 во која освои две гренд слем титули, на Роџер Федерер му е доста од победите и од напорниот живот на тениската турнеја, во првата недела во 2017, Швајцарецот покажа дека е подготвен уште да ја „тероризира“ конкуренцијата.
Федерер заедно со својата сонародничка Белинда Бенчич го освои Хопман купот во Перт, традиционалниот турнир во мешани двојки пред Австралија опен, откако во клучниот меч во двојки беа подобри со 4:3(2)/4:2 од германската двојка Анџелике Кербер-Александер Зверев. Федерер турнирот го завршува без загубен меч!
Во првиот меч од дуелот, Федерер се врати од сет-негатива со 6:7(4)/6:0/6:2 да го победи талентираниот Зверев, пред поранешната шампионка од Австралија, Кербер со 6:4/6:2 да ја победи Бенчич.
Ова е втора титула за Федерер од Перт, откако пред 17 години заедно со Мартина Хингис ја освоија првата титула.
The moment Roger Federer & Belinda Bencic won #HopmanCup 2018.pic.twitter.com/uEGFneKg7z
— Gaspar Ribeiro Lança (@gasparlanca) January 6, 2018
E del match point di Federer contro Zverev ne vogliamo parlare? ???#HopmanCup| #EurosportTENNIS | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/oNp9SzQBAl
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 6, 2018