Top Sport

Шифрин како Френи Шнајдер! (видео)

Микаела Шифрин продолжува со невидената доминација во Светскиот куп во алпско скијање, откако успеа да триумфира во велеслаломската трка во словенечка Крањска Гора, за осма победа оваа сезона и шеста во последните седум трки.

До 39. победа во кариерата, но само шеста во велеслалом, Шифрин стигна откако имаше предност од 0.86 секунди по првото возење за да биде за 0.31 секунди пред светската шампионка во дисциплината, Французинката Теса Ворли и 0.89 секунди пред Италијанката Софија Гоџија. Швајцарката Венди Холденер и Австријката Штефани Бринер го комплетираа топ 5 на патеката Подкорен.

„Патеката е доста кратка, а имам и некоја настинка, така што тоа ми одговараше бидејќи немам многу енергија. Сепак, многу девојки на турнејата се настинати“, вели 22-годишната Шифрин.

Американката стана првата скијачка која победила на првите три трки од календарската година по Швајцарката Френи Шнајдер пред 29 години.

Scroll to Top