Top Sport

Федерер без мака го среди Маер, стана најстар 1/4-финалист во Париз по 1991.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е најстариот четвртфиналист на Ролан Гарос уште од 1991 година. Тој има 37 години.
Тој попладнево без многу мака, рутинирано славеше со 3-0 (6-2 6-3 6-3) во осминафиналето против 68. светски играч во моментов, Леонард Маер.

Федерер на теренот против Маер помина саат и 45 минути. Сега во четвртфиналето го очекува многу посериозен противник.
Швајцарецот ќе се судри со подобриот од денешниот дуел, Циципас – Вавринка.

Годинава на Ролан Гарос досега швајцарскиот тениски ас нема загубено сет.

Scroll to Top