Top Sport

Федерер добро се испоти во првиот меч по 14 месеци пауза

Роџер Федерер влезе во денешниот меч од осминафиналето на Катар опен без одигран меч во последните 14 месеци, така што можеби совршено беше што неговиот противник од другата страна, Ден Еванс беше неговиот тренинг-партнер последните две недели во Дубаи.

По нешто повеќе од два часа, Федерер на крајот беше подобар кога тоа беше потребно и стигна до 7:6(8)/3:6/7:5 победа, на моменти покажувајќи дел од талентот со кој стигна до 20 гренд слем титули.

Во првиот сет, Федерер и Еванс не се даваа на свој сервис, во 12 гема, пред Федерер да го освои сетот со фантастичен бекхенд со 10:8. Откако Еванс израмни на 1:1, тој ја подобри играта и освои две брејк топки на 3:3 во третиот сет, но Федерер остана сигурен и поведе со 5:4.

„Добро е чувството да се вратиш на тенисот. Среќен сум што сум тука без разлика дали ќе победувам или ќе губам, иако со победата подобро се чувствувам. Ден имаше повеќе енергија во финишот на мечот, но мислам дека одиграв добар меч и многу сум задоволен од тоа што го покажав“, вели Федерер.

Scroll to Top