Top Sport

Федерер: Два пати сезонава не бев доволно добар

Роџер Федерер, на новинарите во Лондон им открил дека е задоволен од она што го постигнал оваа сезона, но дека можел и да постигне подобри резултати на Вимблдон и Ју-Ес опен.

Освојувачот на 20 гренд-слем трофеи, сезоната ја започна со победа на Отвореното првенство на Австралија, а титули освоил и во Ротердам, Штутгарт и Базел. И оваа година тој воопшто не играше на земјана подлога.

На Вимблдон настапот го заврши во четврт-финалето, а на Ју-Ес опен испадна во четвртото коло.

„Освоив гренд-слем титула, морам да бидам задоволен од оваа сезона. Можеби Вимблдон и Ју-Ес опен не минаа совршено,односно на начин што го посакував, но тоа се само две разочарувања. Освоив многу турнири, повторно бев одличен во Австралија. Немав ниту една повреда, навистина сум задоволен“, рекол Федерер.

Швајцарецот е рекордер со осум титули на завршниот Мастерс, а во Лондон ќе се обиде да ја освои својата 100. титула во кариерата.

Федерер, во групата на завршниот Мастерс, ќе игра против Кеи Нишикори, Доминик Тим и Кевин Андерсон.

Scroll to Top