Роџер Федерер имаше победнички старт на својот домашен турнир, Свис индорс во Базел, откако загуби само четири гема во 6:1/6:3 победата над американскиот тинејџер Френсис Тиафоу.
19 години по поразот во првото коло од Андре Агаси, Швајцарецот стигна до 62. победа во неговиот роден град Базел, Федерер против младиот Американец загуби само осум поени на свој сервис, не се соочи со ниту еден брејк-поен и обезбеди дуел во второто коло со Французинот Беноа Пер.
Претходно, Швајцарецот изјави дека дека е свеж и полн со енергија за финишот на тениската сезона, за разлика од повеќето (помлади) тенисери кои вториот дел од сезоната го пропуштаат поради повреди или замор.
„Бев изненаден што не сум уморен. Се одморив три дена, но од четвртокот повторно тренирав. Имам доста енергија за остатокот од сезоната. Паузата во текот на сезоната на земја донесе позитивни работи“, вели Федерер во интервју за весникот „Тагес анцајгер“.