Top Sport

Федерер „гази“ на Вимблдон

Роџер Федерер без мака се пласираше во четвртото коло на Вимблдон со нова лесна победа во три сета, овојпат против Германецот Јан-Ленард Штруф.

36-годишниот Швајцарец оди на деветта титула од „Ол Ингланд клубот“ откако и покрај најдобрите желби на Штруф, Федерер победи со 6:3/7:5/6:2. Во 20-тиот последователен настап на гренд слемот на земја, „Маестрото“ не се соочил со брејк-топка и сега продолжува со 22. носител, Французинот Адријан Манарино.

Штруф, кој во претходните два меча се врати од два сета негатива за победа, почна солидно, но Федерер направи брејк во шестиот гем за да го освои сетот. Еден брејк беше доволен и во вториот сет, пред Штруф да се „предаде“ во третиот сет и да загуби по час и 34 минути игра.

Манарино дуелот со Федерер го обезбеди откако го издржа кам-бекот на Русинот Данил Медведев за да стигне до 6:4/6:3/4:6/5:7/6:3 победа. Федерер има 5-0 скор против Манарино со последниот меч во четврт-финалето на Базел индорс во 2017 година.

Scroll to Top